Околу половина милион евра заработила скопска „Топлификација“ во првите девет месеци од годинава, покажува финансискиот извештај што компанијата вчера го испрати до Македонската берза. Нето-профитот на енергетската компанија е за околу 5.000 евра помал од остварениот во истиот период лани, кога „Топлификација“ заработи околу 537.000 евра. За разлика од профитот кој е незначително намален, приходите од продажба на компанијата во првите девет месеци од годинава се зголемени за околу 2,5 милиона евра споредено со лани. Така, до почетокот на грејната сезона „Топлификација“ имала приход од 22,8 милиона евра, за разлика од минатата година кога од продажбата на топлинска енергија остварила приход од 20,3 милиони. И покрај големиот профит, од „Топлификација“ објаснуваат дека бројките во овој период од годината не ја даваат реалната слика за финансиската состојба. Односно, најголемите трошоци компанијата ги има во последните три месеци од годината, кога се троши најмногу гориво и се фактурираат набавените енергенти - мазут и природен гас. Овие трошоци, велат од „Топлификација“, во голема мера го смалуваат профитот на компанијата на крајот од годината.
Околу половина милион евра заработила скопска „Топлификација“ во првите девет месеци од годинава, покажува финансискиот извештај што компанијата вчера го испрати до Македонската берза.
Нето-профитот на енергетската компанија е за околу 5.000 евра помал од остварениот во истиот период лани, кога „Топлификација“ заработи околу 537.000 евра. За разлика од профитот кој е незначително намален, приходите од продажба на компанијата во првите девет месеци од годинава се зголемени за околу 2,5 милиона евра споредено со лани. Така, до почетокот на грејната сезона „Топлификација“ имала приход од 22,8 милиона евра, за разлика од минатата година кога од продажбата на топлинска енергија остварила приход од 20,3 милиони.
И покрај големиот профит, од „Топлификација“ објаснуваат дека бројките во овој период од годината не ја даваат реалната слика за финансиската состојба. Односно, најголемите трошоци компанијата ги има во последните три месеци од годината, кога се троши најмногу гориво и се фактурираат набавените енергенти - мазут и природен гас. Овие трошоци, велат од „Топлификација“, во голема мера го смалуваат профитот на компанијата на крајот од годината.
Акциите на „Топлификација“ имаа пад на вчерашното тргување на берзата и го достигнаа најниското ниво во изминатиот месец. Kомпанијата во текот на вчерашниот ден беше ставена меѓу двата најголеми губитници на берзата.
Во прилог на финансиските резултати на „Топлификација“ во моментов оди најновото поскапување на парното греење од 8 отсто што го одобри Регулаторната комисија за енергетика. Поскапувањето се однесува на ноември и декември, по што ќе се прават нови пресметки за цената.